Стар Завет

Нов Завет

Псалми 142:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ако се свртам надесно и погледам: никој не знае за мене. Нема каде да избегам, никој не се грижи за мојот живот.

5. Господи, кон Тебе извикувам; зборувам: „Ти Си мое прибежиште, Ти Си мој дел во земјата на живите.

6. Послушај ги моите извици, зашто сум многу понижен. Избави ме од моите гонители, зашто се посилни од мене.

7. Изведи ја од темница мојата душа, да Му заблагодарам на Твоето име. Праведници ќе се соберат околу мене, заради доброто што ми го укажа мене.”

Прочитајте целосна глава Псалми 142