Стар Завет

Нов Завет

Псалми 141:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Господи, Те повикувам, побрзај кон мене! Послушај го мојот глас, со кого викам кон Тебе!

2. Нека се издигне мојата молитва како темјан пред Твоето лице, издигањето на моите раце нека биде као вечерна жртва!

3. Господи, постави стража на мојата уста, и стражари на вратата на моите усни!

4. Не оставај: моето срце да се приклони кон било каква злоба па да извршам нечесни дела; Да не се дружам со луѓе кои прават беззаконие, ниту да јадам од нивните вкусни јадења!

5. Нека ме удри само праведниот - љубов е што ме укорува, тоа е масло на мојата глава; На нивната злоба јас ќе се спротивам секогаш со мојата молитва.

6. Кога нивните судии ќе бидат фрлени низ карпите, ќе разберат колку слатки беа моите зборови.

7. Како кога орачот ја оре и ја цепи земјата, така ќе им бидат расфрлени коските на работ на Подземјето.

8. Господи, кон Тебе се свртени моите очи, на Тебе се надевам, не оставај да ми пропадне душата!

9. Чувај ме од стапицата што ми ја поставија, од примките на злосторниците!

10. Нека паднат нечесните во сопствените клопки, а јас да им избегам!

Прочитајте целосна глава Псалми 141