Стар Завет

Нов Завет

Псалми 140:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Како змии ги изоструваат своите јазици, змијски отров им е под усните.

4. Спаси ме, Господи, од раката на злосторникот, чувај ме од човек насилник, кој сака мојата нога да се сопне.

5. Гордите ми поставуваат потајна стапица, со јажиња плетат мрежа, крај патот ми поставуваат клопки.

6. Извикав кон Господа: „Ти си мој Бог! послушај го, о Господи, викот на моите молитви!

7. Господи, мој Господи, мој силен Спасителе, засолни ми ја главата во денот на бој!”

Прочитајте целосна глава Псалми 140