Стар Завет

Нов Завет

Псалми 14:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!” Се расипаа; нивните дела се гнасни нема кој да прави добро.

2. Господ гледа од небесата на човечките синови за да види дали има некој разумен: кој да Го бара Бога.

3. Сите свртија заедно, сите се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниеден.

4. Зар нема да се вразумат сите, кои беззаконуваат, кои ги голтаат Моите луѓе како да јадат леб? И не Го повикуваат Господа?

5. Таму ќе затреперат од голем страв, зашто Бог е во праведно поколение.

6. Ги засрамивте намерите на бедниот; но Господ е негово прибежиште.

Прочитајте целосна глава Псалми 14