Стар Завет

Нов Завет

Псалми 139:7-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?

8. Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.

9. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето,

10. и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи.

11. Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!”

12. Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина.

13. Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило.

14. Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае.

15. Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата.

16. Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден.

17. Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број.

18. Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе!

19. Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците!

20. Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели.

21. Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници?

Прочитајте целосна глава Псалми 139