Стар Завет

Нов Завет

Псалми 139:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам.

7. Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?

8. Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.

9. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето,

10. и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи.

11. Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!”

12. Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина.

Прочитајте целосна глава Псалми 139