Стар Завет

Нов Завет

Псалми 139:16-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден.

17. Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број.

18. Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе!

19. Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците!

20. Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели.

21. Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници?

22. Јас ги мразам со далабока омраза и ги сметам за свои непријатели.

23. Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли:

24. Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот пат!

Прочитајте целосна глава Псалми 139