Стар Завет

Нов Завет

Псалми 136:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тој ги удри големите цареви: Вечна е Неговата милост!

18. И погуби големи цареви: Вечна е Неговата милост!

19. Аморејскиот цар Сион: Вечна е Неговата милост!

20. Васанскиот цар Ог: Вечна е Неговата милост!

21. И нивната земја му ја даде во наследство! Вечна е Неговата милост!

22. Во наследство на Израел, на Својот слуга: Вечна е Неговата милост!

23. Тој си спомна за нас, во нашето понижување: Вечна е Неговата милост!

24. Нè ослободи од нашите непријатели: Вечна е Неговата милост!

25. Тој му дава храна на секое тело: Вечна е Неговата милост!

Прочитајте целосна глава Псалми 136