Стар Завет

Нов Завет

Псалми 136:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Благодарете Му на Господа, зашто е благ: Вечна е Неговата милост!

2. Благодарете Му на Бога над боговите: Вечна е Неговата милост!

3. Благодарете Му на Господарот над господарите: Вечна е Неговата милост!

4. Единствено Тој прави големи чудеса: Вечна е Неговата милост!

5. Тој ги создаде премудро небесата: Вечна е Неговата милост!

6. Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост!

7. Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост!

8. Сонцето да владее со денот: Вечна е Неговата милост!

9. Месечината и ѕвездите да владеат со ноќта: Вечна е Неговата милост!

10. Тој ги погуби првородените во Египет: Вечна е Неговата милост!

11. Го изведе Израел од среде него: Вечна е Неговата милост!

12. Со силна рака со испружена мишка: Вечна е Неговата милост!

Прочитајте целосна глава Псалми 136