Стар Завет

Нов Завет

Псалми 135:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво.

9. Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги.

10. Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви:

11. аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства.

12. И му ја даде нивната земја во наследство, во наследство на Израел, на Својот народ.

13. Твоето име, о Господи, останува довека, и споменот за Тебе, о Господи, од род до род.

14. Затоа Господ ќе го суди Својот народ, Тој им е милостив на Своите слуги.

15. Незнабожечките идоли, се сребро и злато, тие се дело на човечки раце:

16. имаат уста, а не зборуваат; имаат очи, а не гледаат,

17. имаат уши, а не слушаат; и нема здив во нивните усти.

18. Такви се и оние што се надеваат на нив.

19. Израелев Доме, благословувај Го Господа! Аронов Доме, благословувај Го Господа!

Прочитајте целосна глава Псалми 135