Стар Завет

Нов Завет

Псалми 135:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Твоето име, о Господи, останува довека, и споменот за Тебе, о Господи, од род до род.

14. Затоа Господ ќе го суди Својот народ, Тој им е милостив на Своите слуги.

15. Незнабожечките идоли, се сребро и злато, тие се дело на човечки раце:

16. имаат уста, а не зборуваат; имаат очи, а не гледаат,

17. имаат уши, а не слушаат; и нема здив во нивните усти.

18. Такви се и оние што се надеваат на нив.

19. Израелев Доме, благословувај Го Господа! Аронов Доме, благословувај Го Господа!

20. Левиев Доме, благословувај Го Господа! Кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа!

21. Благословен да биде Господ од Сион, кој живее во Ерусалим. Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 135