Стар Завет

Нов Завет

Псалми 135:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Фалете Го Господовото име, фалете Го, Господови слуги,

2. Кои престојувате во Господовиот дом, во дворовите на Домот на нашиот Бог!

3. Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило.

4. Зашто Господ го избра Јакова за Себеси, Израел за драга сопственост.

5. Знам дека Господ е Велик, дека е Господар над сите богови.

6. Што и да Му се допадне на Господа, тоа го прави на небото и на земјата, во морето и во бездните.

7. Облаци крева од крајот на земјата, му создава молњи на дождот, го вади ветрот од неговите засолништа.

8. Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво.

9. Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги.

10. Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви:

11. аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства.

12. И му ја даде нивната земја во наследство, во наследство на Израел, на Својот народ.

Прочитајте целосна глава Псалми 135