Стар Завет

Нов Завет

Псалми 132:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Стани, о Господи, тргни кон Своето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата Сила!

9. Твоите свештеници нека се облечат во праведност, Твоите свети нека воскликнуваат радосно!

10. Заради Давида, Твојот слуга, не свртувај го лицето од Твојот помазаник!

11. Господ му се заколна на Давида, со цврста заклетва од која нема да отстапи: „Потомок од Твојот род ќе го положам на Твојот престол.

12. Ако твоите синови ги пазат Мојот Завет и наредбите на кои ги учам, нивните синови, довека, ќе седат на Твојот престол!”

13. Зашто Господ го избра Сион, го посака него за Свое седиште.

14. „Ова ми е вечно почивалиште, ќе престојувам тука, зашто така посакав.

15. Ќе ја благословувам нејзината храна, ќе и ги нахранам бедните со леб.

16. Ќе ги облечам во спасение нејзините свештеници, нејзините свети ќе воскликнуваат радосно.

17. Ќе направам таму да изникне рог за Давида, ќе ја подготвам светилката за Мојот помазаник.

Прочитајте целосна глава Псалми 132