Стар Завет

Нов Завет

Псалми 132:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. „Не ќе влезам во шаторот на мојот дом, ниту ќе легнам во леглото на мојата постела;

4. ниту ќе им дадам сон на очите, ниту одмор на моите клепки,

5. додека не Му најдам место на Господа, живеалиште на Силниот Јаковов.”

6. Ете, чувме за Него во Ефрат, го најдовме во Јарските Полиња.

7. Да влеземе во Неговото живеалиште, да се поклониме пред Неговите нозе!

8. Стани, о Господи, тргни кон Своето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата Сила!

Прочитајте целосна глава Псалми 132