Стар Завет

Нов Завет

Псалми 13:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Погледни, послушај ме, Господи, Боже мој! Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт;

4. За да не рече мојот непријател: „Го надвив!” Да не се радуваат моите противници, кога ќе се поколебам.

5. Јас се надевам на Твојата милост; моето срце ќе се радува во Твоето спасение.

6. Ќе Му пеам на Господа, Кој ме награди.

Прочитајте целосна глава Псалми 13