Стар Завет

Нов Завет

Псалми 13:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На пејачкиот началник. Давидов псалм. До кога, Господи, ќе ме забораваш сосем? До кога ќе го криеш Своето лице од мене?

2. До кога ќе слагам совети во мојата душа, тага во срцето секој ден? До кога ќе се издига мојот непријател над мене?

3. Погледни, послушај ме, Господи, Боже мој! Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт;

4. За да не рече мојот непријател: „Го надвив!” Да не се радуваат моите противници, кога ќе се поколебам.

5. Јас се надевам на Твојата милост; моето срце ќе се радува во Твоето спасение.

6. Ќе Му пеам на Господа, Кој ме награди.

Прочитајте целосна глава Псалми 13