Стар Завет

Нов Завет

Псалми 129:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Песна на воздигање. „Многупати ме измачуваа од младоста” - нека рече сега Израел.

2. „Многупати ме измачуваа од младоста, но не ме совладаа.

3. Врз моите плеќи: орачи ораа и тргаа долги бразди,

4. но праведниот Господ им ги пресече јажињата на нечестивите!”

5. Нека се засрамат и нека се повлечат сите кои го мразат Сион!

6. Нека бидат како трева врз покрив, што овенува пред да ја откорнат.

7. Жетварот не ја наполнува раката со неа, ни нарачјето оној што ги врзува сноповите.

8. А минувачите нема да речат: „Господовиот благослов над вас! Ве благословуваме во името на Господа!”

Прочитајте целосна глава Псалми 129