Стар Завет

Нов Завет

Псалми 122:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Песна на воздигање. Давидова поклоничка песна. Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во Господовиот Дом!”

2. Нашите нозе веќе стојат, на твоите врати, о Ерусалиме.

3. Ерусалиме, цврсто изграден граду и како во едно слеан!

4. Племињата, Господовите племиња, влегуваат таму, според Израелевиот закон, да Го слават Господовото Име.

5. Судиски столици стојат таму, столици на Давидовиот дом.

6. Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе!

7. Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци!

8. Заради своите браќа и пријатели ќе викам: „Мир на тебе!”

9. Заради Господовиот Дом, на нашиот Бог, јас ќе се молам за твоето добро.

Прочитајте целосна глава Псалми 122