Стар Завет

Нов Завет

Псалми 121:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.

3. Тој нема да остави да се сопне твојата нога и Тој нема да задреме, твојот чувар.

4. Не, не дреме и не спие Тој, Израелевиот чувар.

5. Господ е твој пазител, Господ е твоја сенка, на твојата десна рака.

6. Сонцето нема да ти наштети дење ни месечината ноќе.

7. Господ да те чува од секое зло, да ја чува твојата душа!

8. Господ да го чува твоето излегување и враќање, од сега и довека.

Прочитајте целосна глава Псалми 121