Стар Завет

Нов Завет

Псалми 12:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На свирка со осум жици. Давидов псалм. Помогни, Господи, зашто ги снема побожните, нема повеќе верност меѓу луѓето.

2. Секој го лаже својот ближен, зборуваат со лажливи усни и со дволично срце.

3. Ќе ги истреби Господ сите лажливи усни, и јазикот што зборува горделиви нешта,

4. тие, кои велат: „Јазикот е наша сила, нашите усни се наши; кој е господар над нас?”

5. Господ говори: „Сега ќе станам, заради страдањата на угнетуваните и заради воздишките на бедните; и ќе го поставам во безопасност за која копнее.”

6. Господовите слова се чисти зборови, како сребро претопено во земјана печка, пречистено седумпати.

7. Господи, Ти ќе ги заштитуваш, ќе чуваш секого од нив, од овој род довека.

8. Нечесните одат наоколу, кога расипаните се издигаат меѓу синовите човечки.

Прочитајте целосна глава Псалми 12