Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:98-107 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

98. Твојата заповед ме направи помудар од моите непријатели, зашто таа е вечно со мене.

99. Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва.

100. Поразумен сум и од старците, зашто ги чувам Твоите наредби.

101. Воздржи ги моите нозе од лошиот пат, за да го запазам Твојот збор.

102. Не отстапувам од Твоите судови, зашто Ти ме поучи.

103. Колку се слатки на моето непце Твоите зборови, послатки се од мед во мојата уста.

104. Станувам разумен според Твоите повелби зашто ги мразам сите лажни патишта.

105. НУН. Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.

106. Се колнам и одлучувам цврсто, да ги одржам Твоите праведни одлуки.

107. Во голема неволја сум Господи, оживотвори ме според Твоето слово.

Прочитајте целосна глава Псалми 119