Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:162-176 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

162. Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.

163. Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон.

164. Те прославувам Тебе седумпати дневно, заради Твоите праведни судови.

165. Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо.

166. Ја чекам Твојата помош, о Господи, ги извршувам Твоите заповеди.

167. Мојата душа ги чува Твоите сведоштва и ги љуби многу.

168. Ги чувам Твоите наредби и Твоето сведоштво, зашто сите мои патишта се пред Тебе.

169. ТАВ. Господи, моето викање нека стигне до Тебе, вразуми ме според Твојот збор.

170. Нека дојде мојата молитва пред Твоето лице, избави ме според Твојот збор.

171. Моите усни нека запеат пофална песна, зашто ме научи на Твоите повелби.

172. Мојот јазик нека пее за Твоето слово, зашто сите Твои заповеди се праведни.

173. Твојата рака нека ми биде на помош, зашто ги избрав Твоите наредби!

174. Господи, копнеам за Твоето спасение, се насладувам во Твојот Закон.

175. Нека живее мојата душа и нека Те фали, а Твоите судови нека ми бидат на помош!

176. Јас заскитав како изгубена овца; о побарај го Твојот слуга, зашто јас не ги заборавив Твоите заповеди.

Прочитајте целосна глава Псалми 119