Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:154-167 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

154. Брани ја мојата парница и откупи ме, поживи ме според Твоето ветување.

155. Спасението е далеку од грешниците, зашто не се грижат за Твоите повелби.

156. Голема е, Господи, Твојата милост: поживи ме според Твоите одлуки.

157. Мнозина ме гонат и угнетуваат, јас не отстапувам од Твоите прописи.

158. Ете, видов отпадници и ми се згадија, зашто не ги чуваа Твоите зборови.

159. Ете, ги љубам Твоите зборови, о Господи, поживи ме според Твојата милост.

160. Целината на Твојот збор е вистина, секој од Твоите праведни судови е вечен.

161. ШИН. Кнезовите ме прогонуваат без причина, но моето срце трепери само пред Твоите зборови.

162. Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.

163. Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон.

164. Те прославувам Тебе седумпати дневно, заради Твоите праведни судови.

165. Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо.

166. Ја чекам Твојата помош, о Господи, ги извршувам Твоите заповеди.

167. Мојата душа ги чува Твоите сведоштва и ги љуби многу.

Прочитајте целосна глава Псалми 119