Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:135-140 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

135. Со Твоето лице осветли го Твојот слуга, и научи ме на Твоите повелби!

136. Потоци солзи потекоа од моите очи, зашто не се запазува Твојот Закон.

137. ЦАДЕ. Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.

138. Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.

139. Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.

140. Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.

Прочитајте целосна глава Псалми 119