Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:132-143 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

132. Сврти се кон мене и биди ми милостив, како на оние, кои го љубат Твоето име.

133. Управувај ги моите чекори, за да не завладее со мене никакво беззаконие.

134. Избави ме од човечкото насилство, и ќе ги чувам Твоите наредби.

135. Со Твоето лице осветли го Твојот слуга, и научи ме на Твоите повелби!

136. Потоци солзи потекоа од моите очи, зашто не се запазува Твојот Закон.

137. ЦАДЕ. Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.

138. Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.

139. Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.

140. Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.

141. Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам.

142. Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина.

143. Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада.

Прочитајте целосна глава Псалми 119