Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:117-128 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

117. Помогни ми и ќе се спасам, ќе внимавам секогаш на Твоите повелби.

118. Ти ги презираш оние, што отстапуваат од Твоите повелби зашто е лажна нивната мисла.

119. Ги отстранувам како ѓубре злотворите на земјата, затоа ги љубам Твоите сведоштва.

120. Моето тело трепери од страв пред Тебе, јас се плашам од Твоите судови.

121. АИН. Направив суд и правда не ме предавај на моите угнетувачи.

122. Застапи се за Твојот слуга, за да не ме сотрат горделивите!

123. Моите очи копнеат за Твоето спасение, за Твојот праведен збор.

124. Постапувај со Твојот слуга според Твојата милост и научи ме на Твоите повелби.

125. Јас сум Твој слуга, вразуми ме, за да ги запознаам Твоите сведоштва.

126. О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.

127. Затоа ги љубам Твоите заповеди, повеќе од злато, од пречистено злато.

128. Затоа ги почитувам сите Твои наредби, во секое нешто, омразени ми се сите лажни патишта.

Прочитајте целосна глава Псалми 119