Стар Завет

Нов Завет

Псалми 118:7-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Господ е со мене, помеѓу моите помошници, затоа гледам радосно на оние кои ме мразат.

8. Подобро е да се надева некој на Господа, отколку да се надева на човек;

9. подобро е некој да се надева на Господа, отколку да се надева на кнезовите.

10. Сите народи ме опкружија, ги истребив во Господовото име.

11. Ме опкружија отсекаде; ги истребив во Господовото име.

12. Ме опкружија како пчели, нивното боцкање жеже како запалени трња: ги истребив со Господовото име.

13. Ме туркаа, силно за да паднам, но Господ ми помогна.

14. Господ е моја сила и песна, Тој ми е спасител.

15. Чуј! Радост и спасение се слуша во шаторите на праведниците; Господовата десница се прослави,

16. Господовата десница ме издигна, Господовата десница се прослави!

17. Не, нема да умрам, туќу ќе живеам и ќе ги кажувам Господовите дела.

18. Господ ме казни со тешка казна, но не ме предаде на смрт.

19. Отворете ми ги ширум вратите на правдата, ќе влезам, ќе Му благодарам на Господа!

20. Ова се Господовите врати, праведниците влегуваат низ нив!

21. Ќе Ти благодарам што ме послуша и стана мој спасител.

Прочитајте целосна глава Псалми 118