Стар Завет

Нов Завет

Псалми 118:21-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Ќе Ти благодарам што ме послуша и стана мој спасител.

22. Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана крајаголен камен.

23. Тоа е од Господа и прекрасно е во нашите очи!

24. Ова е денот што Господ Го направи да Му воскликнуваме и да Му се радуваме Нему!

25. О Господи, дај ни спасение! Господи дај ни среќа!

26. Благословен, кој доаѓа во Господово име, ве благословуваме од Господовиот дом.

27. Господ е Бог, Тој ни дава светлина; врзете ја жртвата со јаже за роговите на жртвеникот.

Прочитајте целосна глава Псалми 118