Стар Завет

Нов Завет

Псалми 118:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Благодарете Му на Господа, зашто е благ, зашто е вечна Неговата милост!

2. Нека рече Израелевиот дом: „Вечна е Неговата милост!”

3. Нека рече Ароновиот дом: „Вечна е Неговата милост!”

4. Нека речат сите што се бојат од Господа: „Вечна е Неговата милост!”

5. Го повикав Господа во тешкотија: Господ ме услиши и ме ослободи.

6. Господ е со мене и јас не се плашам: што може да ми направи човек?

7. Господ е со мене, помеѓу моите помошници, затоа гледам радосно на оние кои ме мразат.

8. Подобро е да се надева некој на Господа, отколку да се надева на човек;

9. подобро е некој да се надева на Господа, отколку да се надева на кнезовите.

10. Сите народи ме опкружија, ги истребив во Господовото име.

Прочитајте целосна глава Псалми 118