3. Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда.
4. Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!”
5. Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост.
6. Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави.
7. Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор.
8. Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање.
9. Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите.
10. Јас верувам и кога велам: „Многу сум несреќен.”
11. Реков, во својата збунетост: „Секој човек е лажец!”
12. Што да Му вратам на Господа, за сè што стори за мене?
13. Ќе ја земам чашата на спасението и ќе Го повикам Господовото Име.
14. Ќе ги исполнам на Господа сите мои завети, пред сиот Негов народ.
15. Скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите свети.
16. Господи, Твој слуга сум, Твој слуга, син на Твојата слугинка: Ти ги разврза моите окови.
17. Ќе Ти принесам Тебе благодарни жртви, ќе Го повикам Господовото Име.
18. Ќе ги исполнам на Господа сите свои завети, пред сиот Негов народ.