Стар Завет

Нов Завет

Псалми 116:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови.

3. Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда.

4. Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!”

5. Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост.

6. Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави.

7. Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор.

Прочитајте целосна глава Псалми 116