Стар Завет

Нов Завет

Псалми 116:2-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови.

3. Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда.

4. Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!”

5. Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост.

6. Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави.

7. Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор.

8. Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање.

9. Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите.

10. Јас верувам и кога велам: „Многу сум несреќен.”

11. Реков, во својата збунетост: „Секој човек е лажец!”

12. Што да Му вратам на Господа, за сè што стори за мене?

13. Ќе ја земам чашата на спасението и ќе Го повикам Господовото Име.

14. Ќе ги исполнам на Господа сите мои завети, пред сиот Негов народ.

15. Скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите свети.

Прочитајте целосна глава Псалми 116