Стар Завет

Нов Завет

Псалми 116:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва.

2. Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови.

3. Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда.

4. Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!”

5. Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост.

6. Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави.

7. Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор.

Прочитајте целосна глава Псалми 116