Стар Завет

Нов Завет

Псалми 115:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. раце имаат, а не фаќаат; нозе имаат, а не одат; глас не излегува од нивното грло.

8. Такви се и оние, што ги направија, и сите кои се надеваат на нив.

9. Израелев доме, надевај се на Господа! - Тој е нивни штит и помошник.

10. Аронов доме, надевај се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.

11. Почитувачи Господови, надевајте се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.

12. Господ ќе си спомни за нас, и Тој ќе нè благослови: ќе го благослови Израелевиот дом, ќе го благослови Ароновиот дом,

13. ќе ги благослови оние, кои се бојат од Господа, и малите и големите.

14. Да ве намножи Господ, вас и вашите синови!

15. Да ве благослови Господ, Кој ги создаде небото и земјата!

16. Небесата се Господови небеса, а земјата им ја даде на човечките синови.

17. Не, мртвите не Го фалат Господа, никој од оние, што слегоа во тишина.

18. Но ние, ние Го славиме Господа, сега и довека. Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 115