4. Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечките раце.
5. Уста имаат, а не говорат; очи имаат, а не гледаат;
6. уши имаат, а не слушаат; ноздри имаат, а не мирисаат;
7. раце имаат, а не фаќаат; нозе имаат, а не одат; глас не излегува од нивното грло.
8. Такви се и оние, што ги направија, и сите кои се надеваат на нив.
9. Израелев доме, надевај се на Господа! - Тој е нивни штит и помошник.