Стар Завет

Нов Завет

Псалми 114:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога излезе Израел од Египет и Јакововиот дом од народот со туѓ јазик,

2. Јудеја Му стана светилиште, а Израел Негово Царство.

3. Морето виде и побегна, а Јордан се повлече назад.

4. Планините скокаа како овни и ридовите како јагниња.

5. Што ти е, море, што побегна? Јордане, зошто завртуваш назад?

6. Планини, зошто скокате како овни, и вие, ридови, како јагниња?

7. Трепери, земјо, пред Господовото лице, пред лицето на Јакововиот Бог.

Прочитајте целосна глава Псалми 114