Стар Завет

Нов Завет

Псалми 112:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Никогаш нема да се поколеба, праведникот ќе биде во вечен спомен.

7. Не ќе се плаши од лоши вести, мирно е неговото срце, надевајќи се на Господа.

8. Неговото срце е храбро, од ништо не се бои, тој го гледа паѓањето на своите непријатели.

9. Тој дели, изобилно им дава на бедните: неговата правда ќе трае довека, неговиот рог ќе се воздигне славно.

10. Грешникот ќе го гледа тоа налутено, ќе чкрта со забите и ќе венее, ќе пропадне желбата на нечесните.

Прочитајте целосна глава Псалми 112