Стар Завет

Нов Завет

Псалми 111:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.

3. Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека.

4. Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив.

5. Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет.

6. Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.

7. Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,

8. утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.

Прочитајте целосна глава Псалми 111