Стар Завет

Нов Завет

Псалми 110:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Господ Му рече на мојот Господ: „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!”

2. Господ ќе го испружи жезолот на твојата сила од Сион: „Владеј среде Твоите непријатели!”

3. Во денот на Твојата сила, Твојот народ е готов; во убавината на светината од утробата, пред деницата, Твојата младост е слична на росата.

4. Господ се заколна и нема да се покае: „Ти си свештеник, довека, по редот Мелхиседеков!”

5. Господ Ти е оддесно, Тој ќе ги порази царевите во денот на Својот гнев.

6. Тој ќе им суди на народите: ќе ја наполни земјата со трупови, ќе смачка глави во многу земји.

7. Патем ќе пие од потокот, затоа ќе ја крене главата.

Прочитајте целосна глава Псалми 110