Стар Завет

Нов Завет

Псалми 11:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На пејачкиот началник. Давидов псалм. Се надевам на Господа! Зошто тогаш и велите на мојата душа: „Одлетај во гората, како птица!”

2. Бидејќи, ете, нечесните го оптегнаа лакот, ги запнаа стрелите за тетивите, за да ги застрелаат, во темнина, оние, што се со право срце.

3. Кога се расипани основите, што ќе прави праведникот?

4. Господ е во Својот свет Храм; Господовиот престол е на небесата. Неговите очи гледаат, Неговите трепки ги испитуваат човечките синови.

5. Господ ги испитува: праведниот и неправедниот, од дното на душата го мрази силникот.

6. Ќе излее жар и сулфур врз грешниците, огнен ветер ќе им биде дел од нивната чаша.

Прочитајте целосна глава Псалми 11