Стар Завет

Нов Завет

Псалми 109:9-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Неговите деца нека останат сираци, а неговата жена вдовица!

10. Неговите деца нека бидат скитници, просјаци, нека бидат исфрлени од опустени домови!

11. Заемодавачот нека му го присвои сиот имот, туѓинците нека го разграбаат плодот на неговата мака!

12. Никој нека нема сомилост кон него, никој да не им се смилува на неговите сираци!

13. Нека му се затре потомството, во второ колено нека згасне неговото име!

14. Да си спомнува Господ за неговите гревови, и гревот на мајка му нека не биде избришан:

15. нека бидат секогаш пред очите на Господа! Нека се избрише нивниот спомен од земјата;

16. зашто не се сети да прави милостина, туку ги гонеше бедните и немоќните и го тераше во смрт човекот со разбиено срце.

17. Го сакаше проклетството, па нека го стигне, не сакаше благослов, нека е далеку од него!

18. Нека се облече со проклетство како со облека, нека влезе во него како вода, и како масло во неговите коски.

19. Да му биде облека со која се покрива, појас со кој се препашува секогаш!

20. Така нека им плати Господ на моите тужители, што зборуваат зло против мојата душа!

21. А Ти, Боже Господи, заземи се за мене, заради Своето Име, спаси ме, зашто е милостива Твојата љубов!

22. Зашто сум беден и сиромашен, и моето срце е рането во мене.

23. Јас исчезнувам како сенката што превалува, ме гонат како скакулец.

Прочитајте целосна глава Псалми 109