Стар Завет

Нов Завет

Псалми 109:4-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тие ме оптужуваат за мојата љубов, а јас само се молам.

5. Ми враќаат зло за добро, омраза за мојата љубов.

6. Крени го безбожникот против него и тужителот нека му застане оддесно!

7. Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата да му се земе за грев!

8. Неговите денови нека бидат малубројни, неговата служба нека ја добие друг!

9. Неговите деца нека останат сираци, а неговата жена вдовица!

10. Неговите деца нека бидат скитници, просјаци, нека бидат исфрлени од опустени домови!

11. Заемодавачот нека му го присвои сиот имот, туѓинците нека го разграбаат плодот на неговата мака!

12. Никој нека нема сомилост кон него, никој да не им се смилува на неговите сираци!

13. Нека му се затре потомството, во второ колено нека згасне неговото име!

14. Да си спомнува Господ за неговите гревови, и гревот на мајка му нека не биде избришан:

15. нека бидат секогаш пред очите на Господа! Нека се избрише нивниот спомен од земјата;

16. зашто не се сети да прави милостина, туку ги гонеше бедните и немоќните и го тераше во смрт човекот со разбиено срце.

17. Го сакаше проклетството, па нека го стигне, не сакаше благослов, нека е далеку од него!

Прочитајте целосна глава Псалми 109