Стар Завет

Нов Завет

Псалми 109:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме според Твојата добрина!

27. Нека знаат дека ова е Твојата рака и дека Ти, Господи, го направи тоа.

28. Тие нека колнат, Ти благословувај; нека се засрамат, кои се креваат против мене, а Твојот слуга нека се радува!

29. Нека се облечат со срам моите тужители, и со засраменост нека се покријат како со покривало!

30. Ќе Го славам Господа со сета уста и ќе Го фалам во големо мноштво,

31. зашто стои оддесно на сиромашниот, за да му ја спаси душата од судиите.

Прочитајте целосна глава Псалми 109