Стар Завет

Нов Завет

Псалми 109:12-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Никој нека нема сомилост кон него, никој да не им се смилува на неговите сираци!

13. Нека му се затре потомството, во второ колено нека згасне неговото име!

14. Да си спомнува Господ за неговите гревови, и гревот на мајка му нека не биде избришан:

15. нека бидат секогаш пред очите на Господа! Нека се избрише нивниот спомен од земјата;

16. зашто не се сети да прави милостина, туку ги гонеше бедните и немоќните и го тераше во смрт човекот со разбиено срце.

17. Го сакаше проклетството, па нека го стигне, не сакаше благослов, нека е далеку од него!

18. Нека се облече со проклетство како со облека, нека влезе во него како вода, и како масло во неговите коски.

19. Да му биде облека со која се покрива, појас со кој се препашува секогаш!

20. Така нека им плати Господ на моите тужители, што зборуваат зло против мојата душа!

21. А Ти, Боже Господи, заземи се за мене, заради Своето Име, спаси ме, зашто е милостива Твојата љубов!

22. Зашто сум беден и сиромашен, и моето срце е рането во мене.

23. Јас исчезнувам како сенката што превалува, ме гонат како скакулец.

24. Колената ми се изнемоштени од пост и моето тело ослабе, без масло.

25. Им станав ним за укор, мрдаат со главата кога ќе ме видат.

26. Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме според Твојата добрина!

27. Нека знаат дека ова е Твојата рака и дека Ти, Господи, го направи тоа.

28. Тие нека колнат, Ти благословувај; нека се засрамат, кои се креваат против мене, а Твојот слуга нека се радува!

29. Нека се облечат со срам моите тужители, и со засраменост нека се покријат како со покривало!

30. Ќе Го славам Господа со сета уста и ќе Го фалам во големо мноштво,

Прочитајте целосна глава Псалми 109