Стар Завет

Нов Завет

Псалми 108:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Моав Ми е мијалник, Мојата обувка ќе ја фрлам врз Едом, ќе ја славам победата над Филистејците!”

10. Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?

11. Зар не сакаш Ти, о Боже, што нè отфрли? Зар не сакаш повеќе, Боже, со нашите чети?

12. Помогни ни против непријателите, зашто е ништожна човечката помош!

13. Храбро ќе се бориме, со Божја помош, Бог ќе ги згази нашите непријатели.

Прочитајте целосна глава Псалми 108