Стар Завет

Нов Завет

Псалми 108:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата Слава нека е над целата земја!

6. За да се избават Твоите возљубени, спаси со Својата десница, и услиши ме!

7. Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го разделам Сихем, воскликнувајќи, ќе ја измерам долината Сокхот.

8. Мој е Галад, Мој и Манасиј, Ефрем Ми е кацига, Јудеја - Мое жезло!

9. Моав Ми е мијалник, Мојата обувка ќе ја фрлам врз Едом, ќе ја славам победата над Филистејците!”

Прочитајте целосна глава Псалми 108