Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107:9-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. зашто Тој ја насити гладната душа, Тој ја наполни со добрина изгладнетата душа.

10. Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо,

11. зашто и се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сèвишниот.

12. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне.

13. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји.

14. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови.

15. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

16. Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови.

17. Неразумните се мачеа заради своите бунтовни патишта, поради своите безумности, се мачеа.

18. Секое јадење и се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта.

19. Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји.

20. Го испрати Своето слово, за да ги оздрави, и за да им го спаси животот од гробната јама.

21. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

Прочитајте целосна глава Псалми 107