Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107:32-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Нека Го возвишуваат во народното собрание, Нека Го фалат во советот на старците!

33. Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја;

34. плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители.

35. Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори.

36. И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат.

37. Ги засеаја нивите, ги засадија лозјата, што им донесоа изобилни плодови.

38. И Тој ги благослови, па се намножија многу, и стадата не им се намалија.

Прочитајте целосна глава Псалми 107