Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107:28-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија и Тој ги истрга од сите неволји.

29. Ја смири бурата со тивко ветерче, морските бранови молкнаа.

30. Се израдуваа на тишината, Тој ги поведе во желно пристаниште.

31. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

32. Нека Го возвишуваат во народното собрание, Нека Го фалат во советот на старците!

33. Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја;

34. плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители.

35. Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори.

36. И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат.

37. Ги засеаја нивите, ги засадија лозјата, што им донесоа изобилни плодови.

38. И Тој ги благослови, па се намножија многу, и стадата не им се намалија.

39. Беа проредени и презрени, под товарот на страдањата и неволјите.

40. Оној Кој излива презрение кон кнезовите, ги пушти да скитаат по пусти патишта.

41. Го издига бедниот од неволја и ги умножи семејствата како стадо.

Прочитајте целосна глава Псалми 107