Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Тој рече и буроносниот ветер се завиори, што ги крева морските бранови во височина.

26. Се креваа до небо, се спуштаа во бездна. Душата им гинеше во неволја.

27. Се лулаа и се слизнуваа како пијани, сета мудрост ги изневери.

28. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија и Тој ги истрга од сите неволји.

29. Ја смири бурата со тивко ветерче, морските бранови молкнаа.

30. Се израдуваа на тишината, Тој ги поведе во желно пристаниште.

31. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

32. Нека Го возвишуваат во народното собрание, Нека Го фалат во советот на старците!

33. Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја;

34. плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители.

Прочитајте целосна глава Псалми 107